Продлабочување на соработката со Франција

Во рамките на одбележувањето на Деновите на франкофонијата во Велес, Градоначалникот Горан Петров, на 30-ти март годинава оствари средба со Жан Клод Шлумберже, Амбасадор на Република Франција во Република Македонија и Жан Ив Лавоар – директор на Францускиот културен центар. На средбата беа разгледани резултатите од досегашната  соработка која резултираше со успешни взаемни проекти и активности, особено на планот на културата.

Градоначалникот Петров изрази особено задоволство од одличната соработка со Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност, вклучувањето на Велес во Програмата за децентрализирана соработка со регионот Долна Нормандија, како и нововоспоставеното пријателство помеѓу Велес и градот Шербур Октевиљ во Долна Нормандија. Амбасадорот Шлумберже и Директорот на францускиот културен центар Жан Ив Лавоар изразија подготвеност за продлабочување на соработката во голем број активности за поддршка на велешките франкофони и  интензивирање на културната размена.