НА СИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ОПШТИНА ВЕЛЕС ИМ ГО ЧЕСТИТА 8-ми АПРИЛ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

По повод 8-ми Април, Меѓународен ден на Ромите, Градоначалникот Горан Петров на 12 ромски семејства им додели еднократна парична помош. Средства овојпат наместо за прослава се  наменија за ублажување на тешката материјална состојба на овие многучени семејства посочени од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.