Потпишан договорот за проектот водоснабдување на езеро Младост

Градоначалникот Горан Петров и Министерот за финансии, Зоран Ставревски го потпишаа договорот за подзаем за реализација на проектот за водоснабдување на езерото Младост во вредност од 42 милиони денари. Со договорот за реализација на проектот ќе се реши прашањето на водоснабдување во крајбрежниот појас на езерото Младост со приклучување на градскиот водоснабдителен систем. Општина Велес ќе ги користи средствата што Република Македонија ги зеде како заем од Светска Банка за реализација на проектот за подобрување на општинските услуги. По потпишувањето на договорот, следи подготовка на тендерската документација во согласност со правилата на Светска Банка и тендерска процедура за избор на најповолен понудувач за реализација на проектот.