МИРОВЕН КОРПУС ОДБЕЛЕЖУВА 15 ГОДИНИ ВО МАКЕДОНИЈА И 50 ГОДИНИ ВО СВЕТОТ!

Претседател Барак Обама: „На својот 50-ти роденден Мировниот Корпус  на САД останува траен симбол на посветеноста на нашиот народ во поттикнувањето на  напредокот, на создавањето можности и меѓусебното почитување и разбирање во целиот свет“.

По повод јубилејот, општината Велес и Мировниот корпус Ве покануваат да ја посетите изложбата на фотографии на волонтерите на Мировниот корпус и нивните семејства-домаќини, соработници, пријатели и ученици низ годините. Изложбата ќе биде поставена во холот на општина Велес во периодот од 18 до 22 април, 2011година.

Манифестацијата за одбележување на јубилејот на Мировниот корпус ќе се одржи на 20 април (среда) 2011 година,  со почеток во 11 часот, во Младинскиот парк во Велес. Мировен корпус Ви благодари за 15-те прекрасни години и се радува на уште поубавата иднина!