Средба во знакот на македонско - американското пријателство
На 20-ти април годинава, Градоначалникот Горан Петров оствари средба со Амбасадорот на САД, Филип Рикер и Директорот на Мировниот Корпус, Стивен Каци. На средбата на која присуствуваше и Градоначалникот на Тетово, Сади Беџети беа разменети мислења околу досегашната успешна соработка и придонесот на Мировниот Корпус, УСАИД, Хабитат и други американски организации кои го поддржуваат развојот на општините во Македонија. Градоначалникот Петров изрази задоволство од успешната соработка со Општина Велес која резултира со взаемни проектни активности во интерес на граѓаните. На средбата, Амбасадорот Рикер и господинот Каци најавија продолжување на успешната соработка и во претстојниот период со доаѓањето на нова група волонтери на Мировниот Корпус и реализација на планираните активности на локално ниво.