Продолжување на соработката со англиските пожарникари

Во рамките на престојот во Македонија, делегација на Операција Флоријан - проект што го води противпожарната служба од Манчестер, Обединето Кралство оствари средба со Градоначалникот Горан Петров. На средбата Петров изрази задоволство од резултатите постигнати во изминатите три години соработка, особено од помошта во возила и опрема, обуката на  професионалните пожарникари и функционирањето на доброволното противпожарно друштво. Градоначалникот ја потврди подготвеноста на Општина Велес и понатаму да биде дел од Операција Флоријан и заеднички со англиските противпожарни служби да спроведе  активности во областа на едукацијата. Бери Диксон, Командир на противпожарната служба на Манчестер нагласи дека во четвртата етапа, проектот ќе опфати активности за примена на добрите практики во општините во Македонија и едукација на младите и населението што ќе ја спроведуваат обучените професионални пожарникари и пожарникарите волонтери во соработка со нивните англиски колеги.