Младите бизнисмени се претставија пред велешани
На 5-ти мај годинава во ОСУ „Јовче Тесличков“ се одржа традиционалната манифестација „Саем на бизнис и претприемништво“. И овојпат холот на училиштето се претвори во терен за презентација на идеите и креативноста на младите велешки бизнисмени. Саемот го отвори Градоначалникот Горан Петров кој го истакна значењето на виртуелните компании што воедно претставуваат практична проверка на знаењето и генерална проба пред влезот во светот на бизнисот. На саемот и годинава се претставија ученички виртуелни компании од светот на бизнисите во тренд со светската економија. Настанот и овојпат го привлече интересот на велешани за нова идеја за бизнис и инспирација.