Вработени 16 волонтери

Во Општина Велес успешно е реализиран проектот “ Посредување при вработување на млади високообразовани невработени лица - EMY ” финасиран од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, Владата на Кралството Норвешка, Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП и Општина Велес започнат во октомври 2005 год.

Проектот имаше за цел да помогне во надминувањето на проблемите со зголемената невработеност на младите високообразовани невработени млади лица овозможувајќи им можност за првично стекнување со работно искуство преку реализација на волонтерска пракса.

Со посредување на општината, а во соработка со Агенцијата за вработување - Центар Велес, три месечна волонтерска пракса реализраа 30 волонтери во 21 правен субјект. По завршувањето на проектот 16 волонтери се вработија во 12 фирми.

Имајќи ги во предвид позитивните разултати и покажаниот интерес, Општина Велес изразува благодарност до сите вклучени страни во реализацијата на овој проект и препорачува продолжување на проектот.