Пријателите од Турција се вратија на корените

Во организација на Здружението Ќупурли од Истанбул и Општината Ќучук Чекмеџе, 85 граѓани на Република Турција, на 6-ти мај годинава ја посетија Општина Велес. Гостите од Турција чии семејни корени и детство се поврзани со Македонија и околината на Велес имаа можност директно од Градоначалникот Горан Петров да слушнат детали околу соработката на Велес со градовите во  Република Турција.

„Се надевам дека во срцата и душите ги носите сеќавањата на едно време кога сте биле во Македонија . Како граѓани секогаш сте добредојдени затоа што овде сте свои меѓу своите“, рече Градоначалникот. Тој го нагласи збратимувањето со општините Чан, Адалар и Каршијака како голема придобивка за Велес и велешани и изрази надеж дека пријателството помеѓу двата народи ќе се развива и со идните генерации. Гостите од Република Турција ќе имаат можност да се потсетат на своето детство и да ги посетат некогашните огништа и културни занменитости до 9-ти мај годинава кога се враќаат во Република Турција.