СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Во организација на  Општина Велес, ЕУ инфо точката- Велес,  ЕУ Инфо Центарот – Скопје и Делегацијата на ЕУ во  Република Македонија, во понеделник 9-ти мај, во Велес ќе биде одбележан Денот на Европа.

Празникот на Европа ќе се одбележи со  „Првенство на ЕУ во мал фудбал“ на кое Во својство на земјите членки на ЕУ, Белгија, Латвија, Италија и Луксембург ќе се појават екипи од општинските средни училишта од градот.
Првенството ќе започне во 10 часот на новоизградениот фудбалски терен во Градскиот парк.

 Во 13:10 часот ќе бидат доделени  доделени пехарите на најуспешните екипи.

Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на културно уметничките друштва и фолклорни ансамбли  „Керамичар“„Коле Неделковски“, „Вила Зора“ и „Бирлик“ .

На  прославата, општинските основни училишта ќе ги презентираат земјите членки на ЕУ Белгија, Латвија, Италија и Луксембург

Општина Велес и  Делегацијата на Европската Унија  Ве покануваат уште еднаш заеднички да го одбележиме најголемиот празник на Европа, 9-ти мај.