Денот на Европа
Во организација на Општина Велес, ЕУ инфо точката- Велес, ЕУ Инфо Центарот – Скопје и Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, денес понеделник 9-ти мај, во Велес се одбележа Денот на Европа. Празникот на Европа се одбележи со „Првенство на ЕУ во мал фудбал“ на кое Во својство на земјите членки на ЕУ, Белгија, Латвија, Италија и Луксембург се појавија екипи од општинските средни училишта од градот. Поради лошите временски услови првенството се одржа во спортската сала „Гемиџии“.
Победник на првенството на ЕУ во мал фудбал е Белгија односно СОУ„ Коле Неделковски“ и при тоа беа доделени пехарите на најуспешните екипи. Манифестацијата беше збогатена со настап на културно уметничките друштва и фолклорни ансамбли „Керамичар“„Коле Неделковски“, „Вила Зора“ и „Бирлик“ . На прославата, општинските основни училишта ги презентираа земјите членки на ЕУ Белгија, Латвија, Италија и Луксембург во поливалентниот простор во ООУ „Блаже Конески“.
Општина Велес и Делегацијата на Европската Унија Ви се заблагодаруваат за заеденичкото одбележување на најголемиот празник на Европа, 9-ти мај.