MOTO BEACH PARTY 2
Во организација на Општина Велес и Мото клубот „Носачи на Крстот“ – Велес, на 7-ми мај (сабота) во Велес се одржи второто издание на MOTO BEACH PARTY . Настанот започнa во 18 часот со дефиле на мотоциклисти од целата држава низ улиците на Велес. Големиот рок спектакл започнa во 20 часот на плажата на хотелот „Романтик“ крај езерото „Младост“. Настапуваа бендовите на Венко Серафимовски, на Светлана Јовановска, како и локални рок музичари. Финансиските средства собрани од мотоциклистите и посетителите на рок секталот беа донирани во хуманитарна цел. Оваа година настанот се одржа под мотото „Носи кацига - биди безбеден“, а беше поддржан и од Секторот за внатрешни работи - Велес.