Изготвување на нов Локален акциски план за лица со инвалидитет

Општина Велес е една од четирите општини во Република Македонија во кои во 2008 година беше изготвен првиот Локален акциски план за прашањето хендикеп во регионот на Југоисточна Европа. Изминатите 3 години планираните активности за реализација на акцискиот план беа составен дел на програмите на Општина Велес. Овој стратешки документ усвоен од Советот на општината, неопходно е да биде ревидиран бидејќи е истечена временската рамка за негова реализација.Со задржување на истиот принцип на партиципативно учество и вклученост на сите засегнати страни во изготвувањето на новиот стратешки документ, вчера на 11-ти мај, Општина Велес ја организираше првата координативна средба на локалната работна група која ќе изготви локален акциски план за лица со инавалидност за период 2011-2015 година.Поставените цели и предвидените активности во новиот Локален акциски план ќе бидат основа за подобрување на состојбите и унапредување на правата на лицата со хендикеп во локалната заедница.