Одбележани Денот на просветителите и Денот на пожарникарите

Со свечена академија што се одржа во салата „Бели Мугри“ , на 20-ти мај годинава Општина Велес одбележа два значајни празници 24-Мај, Денот на  сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ и Денот на пожарникарите. На академијата присутните ги поздрави Градоначалникот Горан Петров кој го нагласи значењето и придонесот на овие две благородни професии за сегашните и идните генерации на Велес. На Академијата Градоначалникот Петров и претседателот на Советот Славчо Чадиев ги доделија признанијата за најуспешните наставници во 2011 година: Љубица Тодорова вработена во ООУ „Благој Кирков“- најдобар наставник во одделенска настава за 2011 година, Роска Чукниева, наставник во ООМУ „Стефан Гајдов“- Најдобар наставник во предметна настава и Мице Стефановски, вработен во ССОУ „Коле Неделковски, најдобар наставник во средно образование. На Академијата беа доделени и наградите на најуспешните ученици на литературниот и ликовниот конкурс како дел од проектот „Безбедни-училишта – хармонична средина“. По повод 20-ти мај Денот на пожарникарите , на свеченоста премиерно беше прикажан  документарниот филм „Биди пожарникар“ во продукција на ТВ Здравкин.