Формално примопредавање на ОЈУДГ „Димче Мирчев“
Согласно со законските регулативи што произлегуваат од процесот на
децентрализација, со пренесување на опремата и инвентарот,
Министерството за труд и социјална политика и формално ја предаде
општинската јавна установа- детска градинка „Димче Мирчев“ на Општина
Велес. Во рамките на примопредавањето на кое присуствуваше Татјана
Ѓоргиева Лазаревска, директор на установата и претставници на
медиумите, Самка Ибраимовски, заменик министер за труд и социјална
политика изјави дека општините добиваат функционален дел од
надлежностите на Министерството. „Сметам дека предаваме нешто што
најдобро функционираше во министерството“ рече Ибраимовски порачувајќи
им на општините да не ги гледаат градинките како комерцијални објекти
туку да ги сметаат за вистинско богатство. Тој најави дека со измените
и дополнувањата на Законот за детска заштита ќе биде зајакнат
инспекцискиот надзор на работата на детските градинки.
„Сигурен сум дека со процесот на децентрализација, општините подобро ќе
се грижат не само за детските градинки туку и за сите пренесени
надлежности , затоа што најдобро ги познаваат проблемите и приоритетите
во локалните заедници“, рече Градоначалникот Аце Коцевски на формалното
примопредавање.
Како што тој ги информираше новинарите ОЈУДГ „Димче Мирчев“ е пренесена во надлежност на општината со шест клонови кои опфаќаат вкупно 6333 м2 покриена површина и 11384 м2 дворна површина. Предучилишната установа со вкупно 114 вработени е со предвиден капацитет од 890 и реален капацитет од 760 места. Во моментов услугите на градинката ги користат 460 деца.