„Чиста и здрава средина - светол пат кон иднината“

ООУ„Св.Кирил и Методиј“ на 21.05.2011год. организираше Еко-ден кој воедно претсавуваше и завршна манифестација од реализацијата на еко-проектот „Чиста и здрава средина - светол пат кон иднината“.Во училишниот двор се одвиваше голема собирна акција на ПЕТ пластична амбалажа и стара хартија во која беше вклучено и месното население. На овој Еко-ден граѓаните имаа можност да ги погледнат штандовите од трудови на учениците од рециклирани производи и воедно да се запознаат со постапката за рециклирање на хартија каде учениците ја презентираа.Група ученици со транспаренти дефилираа низ градот, поделија флаери со еко-пораки се со цел да се подигне јавната свест кај населението за чиста и здрава животна средина.

Сметаме дека преку континуираните собирни акции, учениците стекнаа навика за собирање, сортирање и рециклирање на отпадот.Доказ се собраните 36.500 пластични шишиња или 1,6 тони пластика која ќе се искористи повторно и нема да чека да се распадне 500 години во некоја депонија.Исто така собрани се 2,8 тони на стара хартија која е отстранета од домовите и ќе оди на рециклирање.Преку реализирање на овие и останатите активности од планирањето, сметаме дека ја постигнавме нашата цел -развивање на свест за зачувување на чиста животна средина.Проектот продолжува и наредните години каде ќе продолжиме со активностите од останатите точки на акции од четирите еко стандарди.