Вицепремиерот Пешевски во Велес

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, на 26 мај годинава ги посети велешките стопанственици. Во присуство на Градоначалникот Горан Петров, Пешевски на лице место ги виде условите за работа и постигнатите резулати на компаниите  „Жито Вардар“ , „Брако“ и „Димко Митрев“, во услови на глобална економска криза. „ Во Македонија имаме раст на бруто домашниот производ од 5.1 %, раст на извозот од 40 %, раст на индустриското производство од 13.8 %, раст на туристи за 20 %, и  странски инвестиции од 101 милион за само два месеци од новата година“  изјави Пешевски за новинарите.

Градоначалникот Петров истакна дека е задоволен што пред неколку месеци се продадени сите парцели во индустриските  зони  „УЗУС“ и „Речани 2. „Инвестициите се тука, сега само треба да бидеме трпеливи и да почекаме да се изградат тие индустриски капацитети и да се отворат нови работни места“, рече Петров. Во рамките на посетата на Велес ,вицепремиерот Пешевски разговараше со менаџерите на велешките фирми околу постојните бизнис услови и можностите за нивно континуирано подобрување.