Месец на заштита од пожари

Во рамките на активностите за одбележување на месецот на заштита од пожари, Противпожарниот сојуз и Општина Велес се вклучија во националната акција на Дирекцијата за заштита и спасување и Противпожарниот сојуз на Република Македонија. На 26 мај годинава, Противпожарниот сојуз на Општина Велес на штандови поставени пред гимназијата „Кочо Рацин“ презентираше противпожарна опрема и дистрибуираше информативни флаери за заштита од шумски пожари.

 Настанот го отвори Градоначалникот Горан Петров кој нагласи дека оваа активност го означува  почетокот на кампањата под мото „Да ја заштитиме Македонија од пожари“ . Граѓаните кои ги посетија штандовите имаа можност да ги разгледаат и паноата на кои беа презентирани фотографии и информации за активностите на Противпожарниот сојуз.