Средба со делегација на Мировниот корпус
Градоначалникот Горан Петров, на 30-ти мај годинава оствари средба со Хелен Лоуман, Регионален директор на Мировниот корпус за Европа, средоземјето и Азија и Стивен Каци, Директор на Мировниот корпус во Македонија. На средбата беше изразено взаемно задоволство од досегашната соработка и успешно реализираните активности. Во името на Мировниот корпус Госпоѓица Лоуман изрази благодарност за организацијата на одбележувањето на јубилејот „50 години Мировен Корпус во светот и 15 во Македонија“ што на 20 април годинава се одржа во Велес како отворена можност за граѓаните да ги запознаат волонтерите од 15-та група на Мировниот корпус.
На средбата стана збор и за тековните и планираните проекти што ги реализира и подготвува општинската администрација во соработка со волонтерите на Мировниот корпус. Во Република Македонија досега работеле над 400 волонтери во 15 групи. 15-тата група има 75 волонтери од кои тројца живеат и работат во Велес. Мировниците од САД работат во областа на локалната самоуправа, невладините организации и образованието.