Меѓународна конференција во Велес
На 27-ми и 28-ми мај во Велес се одржа Меѓународна конференција во организација на Федерацијата на спортски педагози, Факултетот за физичка култура, Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет. На Конференцијата со свои трудови учествуваа еминентни научни работници од областа на спортот и физичката култура од Македонија и балканските земји.Учесниците ги поздрави Градоначалникот Горан Петров кој изрази задоволство што токму Велес е избран за одржување на конференција на која се расправа за унапредување на спортот и физичката култура во образованието и изрази надеж дека новите сознанија ќе бидат многу скоро применливи во образовниот процес во Република Македонија.