Да ги чуваме шумите !
Оваа година Противпожарниот сојуз на Република Македонија Денот на пожарникарите го обележи со презентирање на опремата за гасење пожари на отворен простор и делење на пропаганден материјал за превентивно делување. Во 12 часот во сите градови во Македонија Противпожарниот сојуз преку презентации предупреди и укажа на последиците од пожари. Во организацијата на оваа презентација пред граѓаните на Велес учествуваа и Територијалната противпожарна единица – Велес, ЈШП „Бабуна“ и Доброволното противпожарно друштво „Видра“