Авионско третирање против комарци
Согласно законот за заштита на населението од заразни болести, општина Велес на 14 –ти јуни годинава спроведе авионско третирање против комарци. Во раните утрински часови третирањето го спроведе овластена фирма која има одобрение од министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Авионското третирање против комарци се вршеше час и половина со препарат одобрен од министерството. Акцијата беше спроведена во подрачјето на градот по текот на реката Вардар, населбата Превале , Башино село и кланицата на групацијата „Агриа“. Општината преку медиумите апелираше до пчеларите со затворање на кошниците да ги заштитат пчелите од евентуални влијанија на препаратот . Врз основа на востановената практика која дава позитивни резултати и годинава третирањето против комарци се спроведува во две акции. Следното авионско третирање ќе се реализира за три недели.