Посета на делегација на Сојуз Стопански комори на Р. Македонија, предводена од Претседателот Златко Калеников на Општина Велес

Денес Градоначалникот  Горан Петров оствари средба со делегација од Сојуз на Стопански комори на Р.Македонија која ја предводеше Претседателот Златко Калеников. Средбата е дел од серијата средби кои ССК ги иницира со претставниците на МСП и неколку општини,  а е во насока на проактивен јавно – приватен дијалог. На состанокот присуствуваа и г-ѓа Виолета Ангелковска, Заменик извршен Директор на ССК, г-ѓа Розалија Василевска, и  г.Ѓорги Тренкоски надворешни консултанти  на ССК.  Мисија на ССК, како гласноговорник на МСП е да ги застапува систематизирано  интересите на своите членки пред институциите на ситемот.

Истовремено и  да работи на подобрување на јавно - приватниот дијалог, да ја зголемува конкурентноста на малите и средни претпријатија, да го унапреди македонското деловно опкружување  и да ја зголеми продажбата на производите  на своите членки на глобалниот пазар. Во контекст на тоа, беше разгледана актуелната законска регулатива, ингеренциите и можностите на општината како давател на услуги и поддржувач во развојот на малите и срдени претпријатија. Истовремено беа презентирани пропагандните  материјали на општината кои ја претставуваат како атрактивна туристичка и стопанска  дестинација и беа продискутирани идни можни проекти и соработки на локално ниво.