Стартува Интернационалниот фолклорен фестивал
Од 28 јуни до 2-ри јули годинава, Велес ќе биде домаќин на 8-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“. На прес конференцијата што се одржа на 24 јуни годинава, програмата на годинешното фестивалско издание ја презентираше Томе Јаневски, претседател на Организациониот одбор на фестивалот. „Верувам дека изборот на фолклорни ансамбли, а особено нашите гости од странство и овојпат ќе го претворат Велес во центар на фолклорната ризница на Балканот и Европа“, рече Јаневски. Годинава на фестивалот ќе учествуваат 14 фолклорни ансамбли од кои 9 домашни и 5 странски: од Романија, Холандија, Хрватска, Словачка и Турција.
Фестивалот ќе започне со традиционалното дефиле на учесниците, а програмата ќе се одвива во амфитеатарот во Младинскиот парк и на платото кај Мало мовче. Гостите од странство ќе настапат и во општините Свети Николе, Кавадарци, Градско и Чашка заедно со домашни фолклорни ансамбли од споменатите општини. Специјален гостин на фестивалот ќе биде Ансамблот на народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“ кој на 30 јуни со почеток во 20:30 часот ќе одржи целовечерен концерт во амфитеатарот во Младинскиот парк. На прес конференцијата, Јаневски ги покани граѓаните претстојните летни вечери да си ги разубават со музиката, ората песните и раскошните носии на фолклористите од земјава и странство.
28.06.2011 ВТОРНИК
20:30 Свечено отворање на фестивалот
Настапуваат:
-КУД „Коле Неделковски“ - Република Македонија
-КУД „Матија Губец“ - Република Хрватска
-ФА „Доина Бараганулуи“ - Република Романија
-ФА „Армелит груп“ - Република Турција
-Ансамбл „Холанд Експрес“ - Кралство Холандија
-ФА „Младост“ - Република Словачка
Место: Амфитеатар, Младински парк
29.06.2011 СРЕДА
20:30 Втора фестивалска вечер
Настапуваат:
-ОУД „Лазар Лазаревски“ - Република Македонија
-ФА „Младост“ - Република Словачка
-КУД „Тодор Јанев“ - Република Македонија
-КУД „Матија Губец“ - Република Хрватска
-ФА „Доина Бараганулуи“ - Република Романија
-ЦЕФ „Александар Турунџе“- Република Македонија
Место: Плато кај Мало мовче
30.06.2011 ЧЕТВРТОК
20:30 Трета фестивалска вечер
Концерт на Ансамбл на народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“
Место: Амфитеатар, Младински парк
01.07.2011 ПЕТОК
20:30 Четврта фестивалска вечер
Настапуваат:
-ФА „Распеани Велешани“ - Република Македонија
-ФА „Армелит груп“- Република Турција
-ФА „СТОБИ“ - Република Македонија
-Ансамбл „Холанд Експрес“ - Кралство Холандија
-ФА „Јени јол“ - Република Македонија
-ФА „Младост“ - Република Словачка
-ФА „Вила Зора“ - Република Македонија
Место: Амфитеатар, Младински парк
02.07.2011 САБОТА
20.00 Свечено затворање на ИФФ „Велес“ 2011
Настапуваат:
-ФА „Младост“- Република Словачка
-ФА „Армелит груп“ - Република Турција
-КУД „Матија Губец“ - Република Хрватска
-Ансамбл „Холанд Експрес“ - Кралство Холандија
-ФА „Доина Бараганулуи“ - Република Романија
-Ансамбл „Керамичар“ - Република Македонија
Место: Амфитеатар, Младински парк