Денот на шегата прославен со илјада детски насмевки
И годинава по повод денот на шегата први април, Општина Велес ја
организираше веќе традиционалната априлијада овојпат насловена „Илјада
детски насмевки“.
Првоодделенците од сите основни училишта во Велес во придружба на
своите постари другарчиња и децата од Општинската јавна установа
– детската градинка „Димче Мирчев“ ја покажаа својата креативност кога е
во прашање единствениот ден во годината кога децата можат вистински да
живеат во бајките и со омилените јунаци од филмовите.
Априлијадата започна со првопаприлско дефиле на потегот Сармаале Младински парк, а продолжи со пригодна културно уметничка програма во амфитеатарот во Младинскиот парк. Специјално изненадување на децата им приреди Театарот за деца и младинци од Скопје кој настапи со колаж од популарните претстави „Ѕвезден коктел“ и „Македонска приказна“. Децата ги забавуваа и балетските групи „Анабела“ и „Црни мачиња“
Во рамките на манифестацијата стручното жири додели три пригодни награди. Наградата за најкреативна маска му припадна на ученик од ПОУ „Маца Овчарова“. Воедно ова училиште доби и специјална награда, плакета од Театарот за деца и младинци од Скопје.