Свечено отварање на фестивалот

Синоќа во преполниот Амфитеатар на Младинскиот парк свечено започна Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2011“. Никој не остана рамнодушен од раскошот на етно-звуците, прекрасните носии, ората, танците, народните инструменти од кои излегуваа звуци кои предизвикуваа восхит. Гостите, домаќините, сите  учесници  се покажаа како професионални музичари и танчери, па овој концерт се претвори во вистински спектакал. Велешката публика   повторно уживаше освоена од колоритот на фолклорот. Останува уште еднаш да Ве поканиме да ги проследите четирите фестивалски вечери и да бидете дел од една прекрасна манифестација, која ќе ви ја разгали душата, ќе ве потсети на корените, традицијата на изворот наш насушен па ќе ве врати во сегашноста разгалени и среќни.