Зафирчев и Љутков ја воодушевија публиката и критиката во Умаг
Настапувајќи на фестивалот „Златен лав“ во Умаг со претставата „Во самотијата на памучните полиња“ велешките актери ја освоија хрватската јавност. „И покрај користењето на македонскиот јазик, публиката што не го познава доволно не остана недопрена, туку актерите и овозможија своето доживување да го гради на нивните движења, мимиката, симболите, измените на тоналитетот и интензитетот на гласот“. Преседателката на фестивалското жири, Сибила Петлевски им честиташе на актерите за „комплексната изведба што во сите сегменти е доработен проект кој импресионира со актерската кореографски, режисерски и енергетски совршено усогласена соигра“.
Нивниот настап ги воодушеви и останатите членови на жирито кое констатира дека актерите успеваат да дадат толку многу за македонскиот театар. Со оваа претстава Зафирчев и Љутков настапија и во Њујорк - САД, Витербо - Италија, Сасари - Сардинија, Елбасан - Албанија и Санкт Петерсбург - Русија.
Преземено од Театар „ЈХК-Џинот“ Велес