60 Години од смртта на учителот

Тропските горештини не ги спречија велешани достојно да ја обележат годишнината од смртта на народниот учител, Панко Брашнаров – илинденецот од два Илиндена, затвореникот од сите режими, непоколебливиот правдољубец и борец за Македонија. Во негова чест пред споменикот се поклонија делегации од Општина Велес, семејството Брашнарови, ОО на СЗБ од НОВ, институции и политички партии, а во салата „Бели мугри се одржа Свечена академија.

Документацијата од перформансот „Патриот“ на Александар Кукулев ја раскажа животната приказна на Панко Брашнар, нековите голготи, идеали и недостојна смрт. Во своето обраќање градоначалникот Петров го истакна историското  значење на Брашнаров и обврската на идните генерации да го чуваат споменот на овој голем деец кој го хранеше народот со леб и знаење. Во музичкиот дел од Свечената академија настапија Орхидеа Дукова, Антоније Аранѓеловиќ и Градскиот црковен хор „Св. Пантелејмон“.