Една поинаква Медеја

На 24 јули годинава, во театарот на  археолошкиот локалитет Стоби, „БиТеатрал“  од Турција ја изведе претставата „Медеја“ од Еврипид во режија на Зураб Сихарулиџе. Љубителите на  театарската уметност посведочија на динамичен театарски концепт оригинален по сценските движења и звукот на флејтата што го исполни Стоби. Актерите од Турција ја вложија сета своја енергија и успеаја да ја надминат јазичната бариера и на гледачите да им ја добижат трагичната приказна на Медеја - херојот,  мајката,  чедоубиецот и страдалничката. Претставата  ја изрази општествената димензија на драмата на Еврипид отсликувајќи ја незавидната положба на жената во античкото општество.

Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ продолжува на 27 јули која на сцената во Стоби, во официјална конкуренција ќе биде изведена претставата „Креонт“, ко-продукција, ДТС, Суб Продукција и Фестивалот Стоби, во режија на Димче Николовски.