Учесниците на Илинденскиот марш во Велес

Триесетина момчиња и една девојка на коњи на 27 јули го започнаа традиционалниот Илинденски марш од Гордо Лисиче – Скопје, до славното Крушево. Првата етапа ја завршија во Велес, пред споменикот на Велешките илинденци. Од името на Општина Велес срдечно добредојде им посака г-динот Томе Јаневски, член на Советот на Општина Велес. Денес коњаниците својот пат кон Крушево ќе го продолжат по територијата на Општина Чашка.