Потпишан меморандум на соработка помеѓу градовите Асколи и Велес
Минатата недела Градоначалникот на Велес претстојуваше во градот Асколи, центар на провинцијата Пичено во Италија на покана на градоначалникот Гвидо Кастели. Врските на Асколи Пичено и Македонија датираат од поодамна и се воспоставени преку Националната организација за градежништво на Република Италија и стродната институција во Македонија. При посетата на Македонија во ноември 2010 година, претставниците на Асколи Пичено ги фасцинирала архитектурата и местоположбата на Велес, што многу потсетува на нивниот град, сличниот број на жители и сличното индустриско минато. Резултат на нивната иницијатива за отпочнување соработка со Општина Велес е Меморандумот за соработка што на 27 јули 2011година го потпишаа Градоначалникот Петров и Градоначалникот Кастели.
Меморандумот претставува почетен акт за развој на заеднички дејности на двете општини пред се можности за инвестирање, унапредување и поддршка на стопански иницијативи согласно Планот за интернационализација на Република Македонија подготвен од АНЦЕ (Национално здружение на градежни работници) на Асколи Пичено во Република Македонија. На овој свечен чин организиран на највисоко ниво присуствуваа амбасадорите на Република Македонија и Ватикан во Италија и поранешниот амбасадор на Република Италија во Република Македонија, како и дваесетина претставници на регионалната стопанска комора на Италија.
Видео превземено од италијанските медиуми: