7-ма Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“

Во куќите на уметноста во Велес отпочна со работа 7-мата Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“. 14-те сликари од Бугарија, Романија, Србија, Хрватска и една претставничака од Мировниот корпус во Република Македонија од Калифорнија - САД, беа воодушевени од амбиентот кој сам посебе , како што тие се изразија, е уметност на која не може да и се одолее. Раководителот на сликарскиот дел од Колонијата не можеше да го сокрие задоволството од присуството на најголемите сликарски имиња во Македонија на велешката колонија професорите Глитор Чемерски и Васил Василев.

Според зборовите на раководителот на копаничарскиот дел, 9 копаничари од Македонија и Србија се најдобриот спој на искусните и младите надежни мајстори на дрвото што му го враќаат високото местото на копаничарството во лепезата уметности по кои е препознатлив Велес.

На учесниците на Колонијата срдечно добредојде им посака Градоначлниот Горан Петров со надеж дека Велес ќе биде доволно силна инспирација за нив за повторно и повторно да се враќаат во него.