Македонско културно лето во Пустец, Албанија
Во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, a по повод националниот празник Илинден, во Општината Пустец четврта година по ред се одржува фестивалот „Македонско културно лето“. Оваа година во тродневната содржина на фестивалот беа вклучени театарскиот ансамбл од Културниот центар во Кавадарци и Народниот театар „ЈХК Џинот“ од Велес.