Учество на велешките извидници на најголемиот младински собир на Југоисточна Европа
Девет извидници од извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес, во периодот од 10 до 19 август оваа година учествуваат на 8 Смотра на Сојузот на извидници на Србија која се одржува во Шабац. На оваа смотра се прославува 100 години извидништво на Балканот и смотратат е насловена како 100 години млади.Извидниците од Велес на оваа смотра се наогаат во заеднички логор со извидници од Велс, Словенија, Србија, Црна гора.
Смотрата е посетена од околу 4.000 млади од Европа и сите учесници ќе се дружат десет дена реализирајки активности од традиционалното извидништво, мировното образование, креативноста, старите занаети, патеките на предизвик и преживување, спортските активности, активностите на вода,екологија, служењето на зедницата,духовноста, христијанството, астрономијата.
Учеството на оваа смотра треба да нагласиме дека ке биде место каде што велешките извидници ке се стекнат и ке ги осовременат своите извиднички знаења и вештини со што многу подобро ке ја осовременат и популаризираат програмата за работа на велешкиот градски извиднички одред.
Во наредните денови следуваат нови информации од најголемиот младински собир во југоисточна Европа.