Летна академија „Слобода на изразување“
Во периодот од 15-22 август во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга се одржа МОФ Летната академија „Слобода на изразување“, на која учествуваа 150 средношколци и студенти од 14 градови од Р.Македонија. Со 9 учесници на академијата учествуваше и младинскиот клуб при Фондацијата „Фокус“ од Велес. На академијата се одржаа серија на обуки во повеќе области меѓу кои дебата, учиме право, аудио и видео активизам , изработка на накит од е-отпад, граѓанско новинарство и слобода на изразување. Младите имаа можност активно да учествуваат во дебати а, младите уметници и фотографи одржаа изложба на рачно изработени предмети, инсталации, графити и портрети на уличниот фестивал што на 20-ти август се одржа во Паркот на поезијата – Струга. Летната академија и Уличенниот фестивал се организирани во рамките на проектите „Локална младинска иницијатива“ и „Младинска независност“ финансирани од Фондација отворено општество – Македонија.