За многу години празникот
Вчера Градоначалникот Горан Петров организираше прием по повод празникот Рамазан Бајрам на граѓани со исламска вероисповед што живеат на територија на Општина Велес. Градоначалникот од името на граѓаните од името на Советот на Општината и од свое лично име на присутните им го честиташе најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам со порака „ да имаме секогаш добар збор и добра мисла едни за други, да подадеме рака и помош на оној на кој му е потрeбна да нема гладни за леб и добрина“. Во Општина Велес од секогаш постоела одлична соработка, разбирање и соживот меѓу припадниците на различни конфесии. Толеранција , почитување и меѓусебна подршка како темел за иднина исткаена со хуманост, давање прошка и помирување на луѓето .