Многу успех во школската година
На сите ученици од основното образование и сите средношколци од Општина Велес на првиот училишен ден од новата учебна година, таткото на градот им посака многу успех на стартот на школувањето. Градоначалникот Горан Петров ги посети учениците во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и Гимназијата „Кочо Рацин“ . На најмалите, на првачињата им изрази добредојде во најголемото среќно семејство -училиштето.
„Убеден сум дека ова е генерација која ќе донесе многу државни и меѓународни награди, генерација со која ќе се гордеат родителите, училиштето и општината.“- истакна Петров пред новите гимназијалци.