Отворен ден на турската заедница во Велес

Општина Велес четврта година по ред ја поддржува манифестацијата „Денови на Ќемал Ататурк“  со единствена цел – да ја истакне и претстави во јавноста традицијата и културата на граѓаните од турската заедница што живеат во Општина Велес. Празникот на човекољубието и подадената рака припадниците на турската заедница во Велес веќе втора година го поврзуваат со името на таткото на турската нација – Мустафа Ќемал Ататурк. И сосем природно, зошто токму тој, реформаторот и визионерот на модерна Турција, во пракса ги примени пораките на најголемиот муслимански празник  Рамазан Бајрам – толеранција, меѓусебно почитување, помагање и љубов, почитување на разликите меѓу луѓето и почитување на луѓето воопшто.

Мислам дека ова е единствен пример во Република Македонија и се гордеам со овој културен настан  им честитам на организаторите за одличната идеја за презентација на турските обичаи и традиции преку претставување на носија, музика и специјалитети рече градоначалникот Горан Петров во своето обраќање. Присутните ги поздрави и министерот во Владата на Република Македонија г-дин Хади Незир и посака почесто да ги разменуваме искуствата на припадниците од сите заедници само така, со запознавање на различностите и почитување на посебностите ќе бидеме единствени и силни.