Научен придонес во одбележувањето на 20 години независност на Република Македонија

По повод денот на независноста на Република Македонија, беше организиран научен симпозиум на тема „Доживотно учење - перспективи и предизвици“ од страна на друштвото на научни работници на Република Македонија, педагошкиот и филозофскиот факултет од Скопје. Во рамки на симпозиумот свои излагања имаа и претставници на Општина Велес, Божидар Јовиќ на тема „Самоевалвацијата е процес на доживотно учење“ и Сашко Ристовски на тема „Потребата и значењето на управувањето со доживотното учење во општество базирано на знаење“.