Во Посета на Шербур

Воспоставувањето на конкретна соработка и реализациојата на активности во интерес на граѓаните беше во фокусот на средбата на градоначалникот Горан Петров со официјални претставници на градот Шербур Октевиљ, во регионот Долна Нормандија. Врз основа на потпишаната декларација за соработка, градоначалникот Петров и заменик градоначалникот Жан – Клод Магале, во присуство на претставници на градот Шербур ги разгледаа сите планови за зајакнување на соработката.

На средбата што се одржа во седиштето на градот, на 7-ми септември годинава беа утврдени конкретни можности за соработка во областа на културата, архитектонското наследство, економијата, информатичката технологија, човечките ресурси и управувањето со отпад. Со цел да се интензивира соработката на средбата се разговараше и за посетата на делегација на Шербур што ќе се оствари во Велес во периодот од 19 до 22 септември годинава. При посетата на францускиот град пријател на Велес, градоначалникот Петров имаше можност да разгледа и неколку локации кои се предмет на консолидација и реставрација на архитектонското наследство.