26-те Средби на извидници Велес „Голозинци 2011“ во знак на прославата на Денот на Државноста
Извидничкиот одред „Димитар Влахов” од Велес ги организираше 26-те Средби на извидници Велес - Голозинци 2011, истите се одржаа во периодот од 7 до 11 септември 2011 год.во извидничкиот центар „Голозинци“ во истоменото село. Овие средби се одржуваа во знак на прославата на Денот на Државноста - 8 Септември.
На овие средби учество земаа 100 извидници од следните извиднички одреди: ИПО Јадран, ИО ММ Брицо, ИПО Галеб од Скопје, ИО “Скаут“ Куманово, ИО “Наум Наумовски - Борче“ од Крива Паланка и гости од Република Србија и извидници од одредот домакин. На средбите првото и второто место го освоја патролите на извидничко-поречанскиот одред “Јадран“, а трето место им припадна на патролата од извидничкио - поречанскиот одред „Галеб“ од Скопје. Овие средби се организираа со поголем број на денови,а извидниците учесници се натпреваруваа во областа на ориентацијата и топографијата, а ги внесовме и дружењето и забавата преку полигонските игри, палењето оган односно играта како метод на работа во традиционалниот скаутизам....
Сакаме да истакнеме дека во периодот од 1975 до оваа 2011 година, успеавме да ги организираме 26 Средби на извидници, а кои што последните десет беа од меѓународен карактер. Со организирањето на овие средби извидниците од Велес дефинитивно покажаа дека знаат да го практикуваат извидништвото, а воедно и да го популаризираат својот град Велес и својот извиднички центар Голозинци. 26 Средби беа организирани со финасиска поддршка од страна на Општина Велес, донации од локалниот бизнис сектор и сопствена партиципација на учесниците и одредот домакин.