Меморандум за соработка со Каршијака, Република Турција
Денес се официјализираше пријателството и политичката одлука на Советите на општините Каршијака и Велес. На Свечена седница со единствена точка на дневен ред, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу градоначалникот Џевад Дурак, Градоначалник на Општина Каршијака и Градоначалникот Горан Петров. Делегацијата од Каршијака се состоеше од 23 луѓе, Градоначалникот со своите соработници,членови на Советот на Општина Каршијака и претставници од Македонска емигрантска асоцијација за култура и солидарност.
Каршијака е општина во која е најголемата концентрација на граѓани што своите корени ги влечат од Македонија – од Горно Врановци, Тетово, Кочани, Струга и други места ширум Македонија.
„Ми претставува особена чест што Општина Велес денес има гости, наши пријатели, а после потпишувањето на документите и побратими, со кои ние и нашите идни генерации ќе остваруваме трајни врски во областа на стопанството, спортот, туризмот и сите области за кои ќе најдеме заеднички интерес“ со овие зборови градоначалникот Горан Петров ги поздрави гостите и им упати порака да го чувствуваат Велес како свој, секогаш кога ќе посакаат да го посетат а ние сме тука достоинствено и срдечно да ги пречекаме.
Географската оддалеченост на двете општини не беше пречка врските на нашите родители, нивните пријателства, во наредниот период да ги продолжиме уште поинтензивно и поорганизирано.