Честитка од Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров до кошаркарската репрезентација на Македонија
Вие, македонските мажи со лавовско срце, ги поттикнавте во нас најголемите чувства што може да ги има еден Македонец – гордост и достоинство. Велес како никогаш досега беше обединет во победата на Македонија. Улиците на Велес до раните утрински часови ечеа од навивачките слогани за македонското име.
Граѓаните на Велес Ви упатуваат благодарност за незаборавните моменти на радост. Македонската чест, што секој Македонец ја брани со она што најувбаво го умее, Вие ја одбранивте со срце. Секој натпревар на Европското првенство го играме заедно со Вас. Нашата поддршка нека биде додатен мотив во следните натпревари, во борбата за освојување на кошаркарскиот трон на Европа.
Ви честитам што во стилот на Гемиџиите, со саможртва и волја што ги надминува границите на човечката издржливост му покажавте на светот која е Македонија и што можат Македонците.
Градоначалник
на Општина Велес
Горан Петров