Обука за поефикасно образование

Во организација на ЗЕЛС, на 21 септември годинава, во хотелот „Романтик“ се одржа едукативна работилница на тема „Законска регулатива во однос на водењето на регистрите во основното и средното образование“. Присутните општински просветни инспектори и советници за образование  од сите 84 општини имаа можност да ги проследат излагањата на Дана Бишкоска претставник на Министерството за образование и наука која се осврна на законската регулатива. Конкретно за постапките за водење на регистрите говореа Божидар Јовиќ, советник - просветен испектор во Општина Велес и Ване Маневски, советник - просветен инспектор во Општина Штип.

Општина Велес инаку е прва во Македонија што успешно ја заврши постапката за подготовка на регистрите и во електронска и во пишана форма и веќе ги достави до министерството за образование и наука и Историскиот архив на Македонија. Во Велес секое од основните и средните училишта располага со овој регистар што во голема мера ја зајакнува ефикасноста во работата. Според законската регулатива споменатиот регистар треба да го воведат сите општини во Република Македонија. Работилницата во Велес ја координираше Весна Арсовска –Динковска, координатор на Комисијата за образование при ЗЕЛС.