Соработка поддржана од францускиот амбасадор

Во рамките на првата посета на Велес и Македонија, делегацијата на градот  Шербур Октевиљ  на 21 септември годинава оствари средба со Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Жан Клод Шлумберже. На средбата на која градоначалникот Горан Петров  присуствуваше со гостите од  Франција, амбасадорот Шлумберже го нагласи значењето на оваа билатерална соработка. „Франција многу се ангажира на планот на децентрализираната соработка. Се радувам штио ги имате вашите француски пријатели на патот кон ЕУ“, рече амбасадорот.

Во името на француската делегација Жан Клод Магалае, заменик градоначалник на Шербур  рече дека се задоволни од започнатата  соработка и нагласи дека Македонија е многу привлечна земја. На средбата, Градоначалникот Петров изрази надеж дека  Велес и понатаму ќе биде лидер во соработката Франција – Македонија.  На средбата  во седиштето на  француската амбасада во Скопје, беше утврдена динамиката на потпишување на договорот за децентрализирана соработка помеѓу Велес и Шербур како и  взаемните активност на планот на франкофонијата.