„БАБУНА 2011“ - меѓународен куп во спортски риболов
На акумулацијата „Младост“ во близина на Велес, во организација на ЗСР „Бабуна“ од Велес се одржа меѓународен куп во спортски риболов „БАБУНА 2011“ во дисциплината „лов риба со јадица на пливка“ или таканаречен „ЛАСКА КУП“. На купот зедоа учество 39 натпеварувачи од 13 екипи од Македонија и Србија и тоа :
1.„Рибарска Вистина“ од Охрид
2.„Пуста Река “ од Дољевац
3.„Кркушка“ од Велес
4.„Јужна Морава“ од Врање
5.„Барбус“ од Битола
6.„Бабуна 1“ од Велес
7.„Мрена“ од Градско
8.„Мрена “ од Крива Паланка
9.„Бабуна 2“ од Велес
10.„Пчиња“ од Куманово
11.„МАК ДАМ “од Куманово
12.„Јабланица“ од Лебане
13.„Вардар“ од Скопје
За првпат во Македонија Организаторот натпреварот го одржа во БОКС систем односно во секој бокс (стартно место) беа сместени тројца натпреварувачи од една иста екипа . Сите во боксот ловеа три часа, а рибите се мереа од сите натпреварувачи како еден улов. Бодувањето се изврши само во екипна конкуренција.
Постигнати се следните резултати :
Третото место го освоија и со бронзени медаљи се закитија натпреварувачите на екипата „Барбус“ од Битола, Среброто го освоија натпреварувачите на „Бабуна 1“ од Велес, а победник на купот е екипата на „Јабланица“ од Лебане – Р.Србија.
Беа доделени и награди за најмлад и највозрасен натпреварувач, и за најголема уловена риба на натпреварот.
Натпреварот го отвори, и го следеше до крај градоначалникот на Велес господинот Горан Петров
Превземено од www.ribari.mk