Почит за војводите

Општина Велес во соработка со Државниот архив на Република Македонија ПО Велес, организираше чествување на велешките војводи Тодор Христов Офицерцето (108 години од загинувањето), Јован Наумов Алабакот и Андреја Димов Докурчев (104 години од смртта). Пред споменикот во центарот на Велес се поклонија делегациите од Општината, Армијата на Република Македонија, боречката организација, политичките партии и здружението на пензионери. За значењето на војводите и борците од Велес и велешко во илинденската епопеја говореше Слободан Ников, директор на  Државниот архив на Република Македонија ПО Велес.