Турнир на пеливани во Бузалково

Согласно програмите за култура и спорт на Општина Велес , во саботата на 1-ви Октомври се одржа традиционалниот турнир на пеливани во селото Бузалково. Традицијата на стариот спорт што со особено внимание се негува во ова населено место, предизвика голем интерес како од пеливанските клубови од целата држава, така и од населението од Бузалково, Велес и голем дрој населени места во општината.

Во пеливанските борби учествуваа околу 150 борачи од сите категории од најмали до баш пеливани. Најуспешниот баш пеливан за 2011 година е Асан Камбери од Бузалково. Организатор на турнирот е МЗ Бузалково и Пеливанскиот клуб „Пеливан“ од Велес. Турнирот беше збогатен со културно-уметничка програма што ја подготвија учениците од ООУ „Лирија“ од Горно Јаболчиште и традиуционалните зурли и тапани што ги придружуваат борбите на пеливаните. Наградите на најуспешните им ги врачија Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров и претседателот на Советот на Општина Велес, Славчо Чадиев.