Честитка за 5-ти Октомври, Меѓународниот ден на учителите
Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров, во свое лично име, од име на Советот на Општина Велес и од името на сите граѓани на Велес, го честита 5-ти Октомври, Меѓународниот ден на учителите.
На сите учители, носители на централната улога, исправени пред најдоблесната задача да им ја покажете перспективата на младите, да ги водите и воспитувате низ процесот на образованието, Ви го честитаме денешниот празник. Како и досега дарувајте го највредното, знаењето, со многу умешност, вештини, самопрегор и пред се многу насмевки и љубов. Убедени сме дека не е лесно, но истовремено прекрасно е чуството кога се помага една малечка личност да израсне во индивидуа и низа години потоа со гордост да Ве ословува мојата учителка, мојот учител.
Уште еднаш Ви упатуваме честитка за досега стореното и Ви посакуваме неброени работни успеси во остварување на мисијата да пренесете знаење, да воспитате нови генерации здрави личности подготвени да станат носители на просперитетот на иднината на својата земја.
Нека е честит 5-ти Октомври, Меѓународниот ден на учителите.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес, Горан Петров с.р. |
Претседател на Совет на Општина Велес, Славчо Чадиев с.р. |