Недела на детето

Во рамките на Светската недела на детето во амфитеатарот на Младинскиот парк се одржа концерт на хорот и солистите на „Златно славејче“. Концертот беше подарок од Општина Велес за првачињата и учениците од одделенска настава од велешките училишта. На првачињата пред полниот амфитеатар честитки по повод Детската недела им упати Злате Топчаноски, претседател на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Република Македонија и Лилјана Николова, претседател на Општинската организација на Сојузот.

Во текот на денот во сите основни училишта беа одржани свечености на кои првачињата положија заклетва и им беа врачени книшки и беџови со кои и официјално станаа членови во Светската детска организација на децата.